08/06/2025

Либерален институт Скопје

Bчера, 20 јуни, во организација на Либерлниот институт Скопје бил одржан кафе разговор на тема:
,,Колку новата генерација на политичари, соработката и променетиот наратив може да помогнат за вракање на довербата и напредокот на системот?”, на кој присуствуваа пратеници од различна политичка провиненција!

-Ние можеме да имаме различни идеолошки решенија и мислења за одредени работи, но само преку аргументиран и конструктивен дијалог, подигнување на нивото на политичка култура, компромис, може да правиме системски реформи кои ќе резултираат со враќање на довербата на граѓаните во системот, развој и напредок на државата и подобар квалитет на живот за граѓаните, објасни Бојан Стојаноски пратеник на опозициската ВМРО ДПМНЕ и коалицјата за Обнова на Македонија во собранието на Република Македонија и преставник од втората изборна единица за Ѓорче Петров.

-Политичките партии да креираат и да понудат аргументирани предлози и решенија, како и да претпочитаат квалитет пред партиската припадност, надодаде Моника Зајкова, пратеничка од Либерално-демократската партија при владеачкото мнозинство на СДСМ/ДУИ.

Споделете