08/06/2025

Suzuki и SkyDrive најавија производство на летечки автомобили

Јапонскиот производител на автомобили Suzuki Motor Corp. постигна договор со стартапот SkyDrive Inc. за производство на „летечки автомобили“, пренесе Ројтерс.

Компаниите ќе користат фабрика на Suzuki Group во централна Јапонија за производство на електрични возила што полетуваат и слетуваат вертикално, односно (eVTOL). Тие со производство планираат да започнат на пролет следната година.

SkyDrive ќе создаде подружница за производство на авионот, додека пак, Suzuki ќе помогне со подготовките за производство, вклучително и обезбедување на таленти, рече јапонскиот производител на автомобили.

SkyDrive е основана во 2018 година во Токио и е поддржана од неколку големи јапонски компании како што се трговската куќа Иточу, технолошката фирма NEC и енергетската компанија Eneos Holdings. Во 2020 стартапот собра вкупно 5,1 милијарди јени или околу 42 милиони долари во кругови на финансирање.

SkyDrive и Suzuki потпишаа договор во март 2022 година што им овозможува да спроведат заедничко истражување и развој на летечки автомобили.

Стартапот за кој е планирано да развива и товарни дронови, планира да лансира услуга за летечки автомобили во Осака 2025 година, кога се очекува градот да биде домаќин на World Expo. SkyDrive ги продлабочи своите врски со Осака во изминатата година и половина и кон крајот на 2020 година, компанијата стана клучен член на тркалезната маса организирана од тамошните власти.
Групата составена од околу 40 компании, разговараа за тоа како може да се постигне „револуција во воздушната мобилност“.

Во август 2021 година, SkyDrive објави дека ја истражува комерцијализацијата на бизнисот со воздушни такси, вклучувајќи разговори со пет големи компании, особено градежната групација Obayashi и комуналната компанија Kansai Electric Power.

Споделете