Бајден: Американско-кинеските односи се на добар пат

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека мисли дека односите помеѓу САД и Кина се на „добар пат“ и дека е постигнат напредок за време на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.
-Ние сме на вистинскиот пат, им кажа Бајден на новинарите на настан поврзан со климата во Калифорнија, мислејќи на односите меѓу САД и Кина.
На прашањето дали мисли дека е постигнат напредок, тој рече: „Постигнат е“.
Бајден го пофали Блинкен за „одличната работа“.
Ова беше прва посета на американски државен секретар на Кина од 2018 година.
За време на посетата на американскиот државен секретар на Кина и разговорите со претседателод Си Џинпинг, двете страни рекоа дека е постигнат напредок, но Блинкен рече дека има некои прашања за кои двете земји длабоко не се согласуваат.
Освен прашањето за Тајван, тоа се технолошките војни, американските санкции против кинеските дигитални гиганти, трговските прашања, односот кон муслиманската заедница Ујгури и кинеските претензии за Јужното Кинеско Море.