08/06/2025

НБА: Јокиќ со нов дабл-дабл учинок, Фокс со звукот на сирената

Кошаркарите на Денвер убедливо на свој терен славеа против Сан Антонио со 126-101, во меч во кој најдобар поединец беше српскиот центар Никола Јокиќ кој запиша нов „дабл-дабл“.

Јокиќ дуелот го заврши со 21 поен, шест скока и десет асистенции, како втор стрелец во редовите на Нагетс, веднаш зад Хиланд.

Најдраматично синоќа во НБА беше во Орландо, каде што токму Орландо загуби во пресметката со Сакраменто кингс (123-126), откако противникот постигна тројка со звукот на сирената во продолжението, речиси од половина терен.

Јунак на вечерта беше Диарон Фокс, кој неочекувано застана и стрелаше од огромна далечина, за победнички кош за „кралевите“. Орландо прокоцка предност од речиси 20 поени, а Фокс беше најдобар кај гостите од Калифорнија со 37 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бруклин 94-98, Атланта – Њу Орлеанс 124-121 (п), Њујорк – Бостон 118-133, Милвоки – Оклахома 108-94, Минесота – Хјустон 129-117, Денвер – Сан Антонио 126-101, Феникс – Портланд 102-82

Споделете