ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема никаква полза од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш!

Народот нема ништо од признанието на власта дека судството е корумпирано, оставки и одговорност веднаш, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ целосно го девалвираат правосудниот систем во Македонија.
Димитар Ковачевски и Али Ахмети го користат Судскиот совет за исполнување на партиско политички желби и влијанија, сведувајќи ја неговата работа на место за фаворизирање на определени партиски активности и пазарење на судски места.
Изјавите на министерот за правда Кренар Лога се само потврда за она кое ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатиот период, а тоа е дека СДС и ДУИ го партизираат и политизираат правосудниот систем.
Судскиот систем треба да ја гарантира независноста и заштита на судството и неговото унапредување, и да работи одговорно, професионално и транспарентно.
Најпрво СЈО кој беше продолжена рака на владата на СДС и ДУИ за политички прогон на неистомисленици, па наградување на Добрила Кацарска и именување за уставен судија, именување на шефот на обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, па се до назначување на партиски активисти на СДС во Судскиот совет е пример како не треба да функционираат судските органи.
И од Холандија реагираат на случувањата во Судскиот совет и за ова во еврпски држави паѓаат цели влади, само во Македонија, владата на СДС и ДУИ мува не ја лази. Токму поради ова е ниската доверба на граѓаните во судството и обвинителството.
Бараме веднаш оставка и одговорност, стои во соопштението на партијата.