08/06/2025

МВР се огласи по објавата на Ковачки за влезените косовски полициски службеници на територијата на Република Македонија

Министерството за внатрешни работи се огласи откако пратеникот Драган Ковачки преку обајава на социјалните мрежи истакна дека полицајци и војник од Косово се влезени во Македонија без никаква придружба на МВР.

Од МВР велат дека косовски полицајци влегле во земјава по вчерашната трагедија кога возило со косовски регистарски ознаки падна во реката Лепенец.

-Вистината е дека по трагедијата, а врз основа на меморандумот за соработка што го имаме со косовската полиција, а со цел поддршка на нашите екипи во потрагата по косовските граѓани, уште вчера пристигна екипа со опрема од косовската полиција и таа постојано работеше со нашите полициски службеници, велат од МВР.

Споделете