08/06/2025

Нов неработен ден во Обединетото Кралство

Kрал Чарлс III

Крунисувањето на покојната кралица во 1953 година исто така беше причина за дополнителните слободни денови, а одобрувањето на еден ден во 2023 година ја следи таа традиција

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека крунисувањето на кралот Чарлс III ќе се прослави со дополнителен слободен ден низ целата земја во понеделник, 8 мај, веднаш по самото крунисување на 6 мај.

Чарлс (73) автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета во септември, но големата церемонија на крунисување за него и неговата сопруга Камила ќе се одржи следната година.

Крунисувањето на покојната кралица во 1953 година, исто така, беше причина за дополнителните слободни денови, а одобрувањето на еден ден во 2023 година ја следи таа традиција, соопшти кабинетот на премиерот, давајќи им време на семејствата и заедниците да уживаат во историскиот настан.

„Крунисувањето на новиот монарх е единствен момент за нашата земја“, рече Сунак во изјавата.

Споделете