08/06/2025

Претседателот на Кина одржа средба со американскиот милијардер Бил Гејтс

Претседателот на Кина, Си Џинпинг денес се сретна со милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој престојува во Пекинг во обид да ги поддржи напорите на Кина во поглед на медицинските истражувања.

На средбата, за која информираа кинеските телевизии, се одржа два дена пред долгоочекуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Беликен, во време на големи дипломатски тензии меѓу САД и Кина.

– Вие сте првиот американски пријател што го запознав оваа година. Ние секогаш влеваме надеж во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи, рече Си Џинпинг.

Гејтс беше примен од Си како ко-претседател на Фондација Бил и Мелинда Гејтс, се додава во соопштението.

Во последните неколку години, само неколку американски бизнисмени имале одделна средба со Џинпинг, вклучувајќи ги Тим Кук и Џеф Безос.

Споделете