Сообраќајна незгода пред патарината кај Глумово во кое учествувало и возило на МВР

Како што пренесува КУРИР, утринава пред наплатната рампа Глумово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на МВР.
Според првичните информации од МВР, пријава за несреќата добиле околу 08:40 часот, а во истата учествувале три возила меѓу кои и полициска „Шкода Јети“.

Засега не е познато дали има повредени лица во несреќата, а од МВР за КУРИР велат дека увидот е во тек и дека со повеќе информации ќе може да излезат по завршување на истиот.