08/06/2025

ЈП Лајка во соработка со Општина Гази Баба ќе заловува бездомни кучиња

По иницијатива на општина Гази Баба изминатиот период во неколку наврати се организираше акција за собирање на агресивните бездомни кучиња со цел заштита на граѓаните., соопшти градоначалникот Стефковски.

-Во следните две недели, ЈП Лајка ќе спроведе стратешко заловување на агресивни бездомни кучиња на територија на општина Гази Баба и тоа:

Од 12.06.2023 до 16.06.2023 година заловување ќе се врши во Железара, Автокоманда, Керамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија и Идризово.

Од 19.06.2023 до 23.06.2023 година заловување ќе се врши во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

Ги повикувам граѓаните да пријават агресивно бездомно куче до тимовите на ЈП Лајка на телефонските броеви:

02-2565-856
071-219-925

Споделете