09/06/2025

СДСМ: Резултати што прават разика, минимална плата со СДСМ над 20.000 денари, со ДПМНЕ беше 8.000

Во секој сегмент, СДСМ зад себе има резултати што прават разлика. Тоа, најизразено е во делот на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани., велат од владејачката партија.

-За период од шест години, во четири наврати ја зголемивме минималната плата.

Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари.

Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари.

Покрај тоа, воведовме и нова методологија со која минималната плата ќе расте секој март и тоа нема да зависи од политичката волја на која било влада во иднина.

Ветивме и го исполниваме дадениот збор за просечна плата од 34.000 денари и тоа ветување го исполнивме една година порано од предвидениот рок.

За опозицијата беше незамисливо, па дури и смешно просечната палата да изнесува 500 евра, а денес таа изнесува над 34.000 денари и е во постојан раст.

Сето ова е резултат на успешните економски мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.

Продолжуваме со вистинска грижа, продолжуваме да работиме на унапредување на животниот стандард на работниците и на сите категории на граѓани., стои во соопштението на СДСМ.

Споделете