08/06/2025

Тимот на Ферари победник на 24 часа Ле Ман.

Тимот на Ферари издејствува победа на престижното 100-то издание на трката 24 часа Ле Ман оваа година, прекинувајќи ја доминацијата на Тојота и запишувајќи ја првата победа на оваа трка по 50 години.

Тимот на Ферари составен од возачите Алесандро Пјер Гуиди, Антонио Џовинаци и Џејмс Каладо беа подобри од тимот на Тојота. Оваа победа за тимот на Ферари е спектакуларно враќање на легендарната патека по 50 години, со освојување на трката за прв пат по 1965 година, на 100-годишнината од првото издание на Ле Ман, како и прекин на доминацијата на Тојота, која ги освои последните пет изданија на трката.

На третото место на трката се пласираше екипата на Кадилак. Оваа трка го потврди врвот на Ферари во светот на автомобилизмот и донесе големата радост како на италијанската екипа, така и на нејзините фанови.

Споделете