08/06/2025

Пет работници ги загубиле животите во фабрика за експлозиви во Анкара

Пет работници ги загубиле животите во експлозија во фабрика за ракети и експлозиви во предградието на Анкара, соопшти турското Министерство за одбрана.

До експлозијата дошло рано утринава во областа Елмадаг, на периферијата на Анкара.

Засега нема детални информации за причината која довела до несреќата.

Споделете