Исланд на неодредено време ја затвора амбасадата во Москва

Исландските власти денеска соопштија дека ќе ја затворат својата амбасада во Москва на неодредено време поради актуелната ситуација поврзана со конфликтот во Украина.
-Сегашната ситуација едноставно не дозволува нашата мала дипломатска мисија да работи во Русија, изјави исландскиот министер за надворешни работи Тордис Гилфадотир.
Малата нордиска земја е првата земја што донесе ваква одлука од почетокот на војната во Украина.