09/06/2025

Украина бара електрична енергија од државите во ЕУ

Украина бара од Европската Унија да го зголеми снабдувањето со електрична енергија по руските напади „на енергетската инфраструктура на земјата“ и уништувањето на браната на вештачкото езеро Каховка, што предизвика големи поплави, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галученко.

„Бараме од Европа да ја зголеми горната граница на увоз на електрична енергија од еден на два гигавати дневно“, истакна украинскиот министер.

Галученко додаде дека нуклеарната централа во Запорожје не претставува „непосреден ризик во оваа фаза“, но дека е потребен мониторинг.

Од 600 квадратни километри погодени од поплавите по уривањето на браната Каховка во јужна Украина, „до 80 населени места би можеле да бидат уништени, а 20.000 домови се без струја“, изјави украинскиот министер.

Според него, оштетени се околу 10.000 хектари земјоделско земјиште.

„До сега, Украина покриваше 100 отсто од своите потреби“ со сопствено производство на електрична енергија, „но ние побаравме од Европа да го зголеми плафонот за снабдување“, додаде тој.

Споделете