10/06/2025

Ковачевски свика итни седници на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, за утре попладне свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ.

Состаноците на највисоките тела на партијата доаѓаат веднаш по одржувањето на лидерската средба, а по промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои ги прифатија уставните измени за нивно учество во Влада за европска иднина.

Во вакви нови околности заседаваат органите на партијата а очекувано е темата да биде начинот и формата со којашто ќе продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ.

Споделете