09/06/2025

Богатите Арапи за 100.000.000 евра годишно купија уште една ѕвезда, покрај Бензема пристугнува и играчот за врска!

До неодамна соиграчите во составот на Франција Карим Бензема и Н’Голо Канте повторно ќе играат заедно во истиот тим и поточно во Саудискиот Ал-Итихад. Како што е познато, вчера гигантот од Блискиот Исток го објави потписот со поранешниот капитен на Реал Мадрид, а во доцните часови стана јасно дека клубот се договорил и за играчот од средниот ред на Челзи, кој ќе пристигне како слободен агент по истекот на договорот со лондончаните.

Ова го пренесуваат водечките експерти за трансфери во Европа. Канте ќе потпише двегодишен договор со Ал-Итихад со заработка од 100 милиони евра по сезона. Очекувањата се дека 32-годишниот играч ќе биде претставен во следните 48 часа.

Споделете