МЗШВ: За сечата на шумата во пробиштипско Неокази има издадено одобрение

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до нашата редакција испрати одговор, во кој се појаснува дека сечата на шумата во пробиштипско Некоази, за која пишувавме во изминатите денови, е легална, со издадено одобрение од надлежен инспектор.
-Од страна на ШПС Кратово е извршена контрола во село Неокази, Општина Пробиштип, каде што е констатирано дека комунален инспектор и инспектор за животна средина врз основа на претходно барање имаат составено Записник за констатирана состојба и комуналниот инспектор има издадено Решение во кое се одобрува барањето за чистење на вегетација, сечење на грмушки и дрва од катастарската општина Неокази, велат од министерството.