Најмалку 300 животни угинаа по поплавување на зоолошка градина во Украина

Зоолошка градина лоцирана на брегот на реката Дњепар соопшти дека нејзините 300 животни угинале откако била поплавена по експлозијата на браната.
Зоолошката градина наречена Казкова Диброва објави за нивната загуба на coцијалните мрежи.
„Паркот беше миниран и беше невозможно да се евакуираат животните“, се вели во соопштението.
– Се обидовме да ги спасиме. Секој ден, под непријателски оган, двајца работници си ги ризикуваа животите за да одат во Диброва да ги нахранат животните, соопшти претставник на зоолошката градина.
– Сега Русија уништи сè. Душата ни е растргната од болка, додаде тој.