СКАНДАЛ: Во психијатриската болница во Бардовци се тепаат пациенти. Ова не е прв ваков случај, но никој не реагира! (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук се појавија две видеа од психијатриската болница во Бардовци, на кои се гледа како пациенти малтретираат лице кое е хоспитализирано таму. Според пишувањата, ова не е прв ваков случај, но никој од надлежните не реагира за овие случувања.
-СПОДЕЛУВАЈТЕ ДРУГАРИ !!! Истата жртва од претходниот мој пост, тепан во психијатриската болница во Бардовци. За ова ќе одговарате крвници едни. Постои закон и ќе се примени. Пациент НЕ СМЕЕ да биде вака тепан од НИКОГО. Директорот Мусхин Арифи, по професија архитект, од с.Кондово не го засега и ништо не превзема за малтретираните пациенти. Не ти помага ни ДУИ, ни Кондово, ни Арачиново ако ти се закачам гнидо една. Има да го решиш случајов или ќе ти ја накалемам цела јавност од новинари, до телевизии и институции за човекови права, адвокати и се што треба за да се издејствува правда за дечково кој трпи ужасно насилство во болницата.– стои во објавата каде се објавени и видеата.