09/06/2025

Мицкоски и Ковачевски ќе се сретнат в среда во 11 часот

Во среда во 11 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи долгоочекуваната лидерска средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од владата ја потврдија средбата и посочија дека  ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Ковачевски очекува дека ќе падне договор особено за двотретинско мнозинство за уставни измени, сепак од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема такви најави, напротив, тие постојано повторуваат дека уставните измени нема да се случат.

Мицкоски освен тоа што најави дека на лидерската нема да попушти, изјави и дека ќе го отвори прашањето за оставка на владата и Ковачевски откако ќе пропадне обидот за промена на Уставот.

Споделете