Во околината на Пробиштип се уништува боров насад за некој да гради фотоволтаична централа (ФОТО+ВИДЕО)

До редакцијата на Дневноинфо пристигнаа ексклузивни фотографии и снимки од сеча на борова шума, која според изворот се спроведува нелегално.
-„Се уништува единствената шума во атарот на село Неокази пробиштипско! За потребите на фотоволтаични инсталации се сече боров насад подигнат од граѓаните преку младински работни акции и грижливо чуван повеќе децении. Дали некој од надлежните ќе превземе мерки да не дојде до еколошка катастрофа!?“– вели нашиот извор.




За жал, во Македонија често се среќава нелегална сеча на шумите како што е и оваа. За шумите во Македонија надлежно е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од кои во најкус можен рок ќе побараме одговор за оваа сеча во атарот на Неокази.