Реџеп Таип Ердоган денеска ќе ја положи својата трета претседателска заклетва

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска ќе положи заклетва како шеф на државата, после неговата победа на вториот круг од изборите.
На Ергодан ова ќе му биде трет претседателски мандат со кој тој го продолжи неговото дведецениско владеење за уште пет години.
Инаугурацијата во парламентот ќе биде проследена со раскошна церемонија во претседателската палата во главниот град Анкара, на која ќе присуствуваат десетици светски лидери.
На инаугурацијата присуствува и македонскиот претседател Пендаровски.
Ердоган победи во вториот круг на 28 мај против моќната опозициска коалиција и покрај економската криза и остри критики по разорниот земјотрес во февруари во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
Ердоган освои 52,1 отсто од гласовите, а неговиот секуларен ривал Кемал Киличдароглу 47,9 отсто.
Турскиот лидер со најдолг стаж се соочува со непосредни и големи предизвици во неговиот трет мандат, поттикнати од економското забавување и надворешнополитичките тензии со Западот.