198 сообраќајни прекршоци од кои 57 за брзо возење

Изминатото деноноќие (01.06.2023) секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени биле вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина дури 57 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, како и три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум за непрописно престројување, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.