Никола Јокиќ со историски трипл-дабл ги предводеше Денвер Нагетс во големото НБА финале (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со историски деветти трипл-дабл учинок во плејофот сезонава, ги предводеше Нагетси до триумф во првиот меч од големото финале на НБА против Мајами (104:93).
Денвер има одлична победничка низа во плејофот со неверојатни 9/9 победи.
Двократниот МВП на НБА го заврши мечот против Мајами Хит со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции. Зад него се најдоа Џамал Мареј со одличен учинок од 26 поени, Гордон со 16, Портер со 14 и 13 скока, како и Браун со 10 поени.
Кај гостите од Мајами кои и вториот меч ќе го играат во арената на Денвер, Бам Адебајо уфрли одлични 26 поени, проследени со 13 скока и 5 асистенции, додека пак, Џими Батлер имаше слаба вечер со само 13 постигнати поени.