09/06/2025

Продолжениот викенд ја „испразни“ Македонија (ФОТО)

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.

Додека пак интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин „Богородица“ се забележуваат колони возила.

Од АМСМ препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде е можна појава на одрони.
Тие истакнуваат дека ова посебно се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Споделете