08/06/2025

ВМРО ДПМНЕ денес ќе одлучува дали ќе учествува на лидерска средба

Liderska-sredba-vodno-960x504

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хистијан Мицкоски, вчера изјави дека денес ќе се одлучува за учество на лидерската средба на која е поканет од премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски.

Мицкоски изјави дека и покрај тоа што за денес има планиран наста, ќе се обиде телефонски да исконтактира со коалиционите партнери, пратеничката група и членовите на извршниот комитет на партијата, а во текот на денот јавно ќе ја соопштат нивната одлука.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, испрати покана за лидерска средба со претседателите на сите политички партии застапени во парламентот за 7 ноември, која треба да се одржи во Собранието, со цел да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.

Споделете