Дали вештачката интелигенција би можела да доведе до изумирање на човештвото?!

Експерти од истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција, вклучувајќи ги и директорите на (OpenAI) и (Google Deepmind) предупредија дека вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото. Додека, пак, десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страната на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.
Во изјавата се вели дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите ризици како што се пандемиите и нуклеарните војни. Додека други експерти тврдат дека ставовите се претерани.
Изјавата беше поддржана од извршните директори на производителот на „ChatGPT“, Сем Алтман, на „Google Deepmind“, Демис Хашабис и на „Antropic“, Дарио Амодеи.
За професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „Кумови“ на вештачката интелигенција, апокалиптичните предупредувања се претерани.
Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашањата како што се пристрасноста во системите, кои се веќе голем проблем.
Арвинд Нарајанан, компјутерски научник од Универзитетот Принстон претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.
– Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција, посочи Нарајанан.
Медиумското покривање за наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое се повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија на вештачка интелигенција.
Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.