Едно лице загина во сообраќајна несреќа со трактор управуван од малолетничка

На 28.05.2023 во 17:20 часот било пријавено дека на локалниот пат во село Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од горе споменатото село излетал од патот и паднал во канал.
На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од село Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.