08/06/2025

Касами ги покани „огнената група“ и АА да му се приклучат во фронт за уривање на ДУИ

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами ги покани пратениците на Алијанса за Албанците и до членовите на „огнената група“ од ДУИ, да формираат опозициски фронт со конечна цел, уривање на ДУИ од Власт.

Од Алијанса, експресно ја отфрлија поканата од лидерот на Беса.

„Како претседател на Движење Беса му ја подадов раката за соработка на Африм Гаши и по целосното отцепување на фракцијата на ДУИ, ќе им ја подадам раката за унифицирана соработка и на нив. Упатувам коректна и искрена покана и до парламентарната група и целото членство на АА со опозициска ориентација за да се придружат на опозицискиот фронт бидејќи тие секогаш биле за промена на албанскиот политички блок за да падне ДУИ.“, рече Касами.

На поканата Изет Меџити за ТВ21 изјави

„Ја поздравуваме консолидацијата на албанската опозиција. Ние ќе ја продолжиме силната битка внатре во ДУИ.“, порача Меџити.

Споделете