09/06/2025

На северот на Италија потонал мал туристички брод- најмалку четворица туристи го загубиле животот

На северот на Италија, на езерото Маџоре, туристички брод со повеќе од 20 патници се превртел и потонал. Четири лица загинаа, едно се уште се води како исчезнато.

Бродот најверојатно се превртел поради силните ветрови во неделата вечерта околу 19:30 часот меѓу градовите Сесто Календе и Арона. Италијанските пожарникари соопштија дека 19 лица се безбедни и дека потрагата по исчезнатото лице, вклучително и со помош на хеликоптер, полиција, крајбрежна стража, пожарникари и нуркачки тим на џет скии, продолжува.

Италијанската национална телевизија РАИ објави дека бројот на загинати веќе се искачи на три. Алармот за започнување на операција за пребарување наводно го вклучил екипажот на бродот кој забележал луѓе во водата.

https://twitter.com/vigilidelfuoco/status/1663069054918066177?cxt=HHwWgoCw9c-ftJQuAAAA

Претседателот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, објави дека чамецот бил долг 16 метри и бил изнајмен од туристи. Според неговите информации, инцидентот е последица на лошото време.

Наводно, на бродот имало 25 луѓе кои го прославувале својот роденден. Кога чамецот почнал да тоне, тие скокнале во морето, некои допливале до брегот, други биле спасени од чамец за спасување, пренесуваат италијанските медиуми.

На бродот имало Италијанци и странски туристи, наводно од Велика Британија и Израел, на возраст меѓу 20 и 50 години.

Сместено на околу 50 километри северозападно од Милано, езерото е второто по големина езеро во Италија и популарна дестинација за одмор.

Споделете