09/06/2025

Хорор за време на најважниот натпревар во неговиот живот – капитенот на Лутон колабираше на сред терен

Финалето во Чемпионшип лигата е најскап фудбалски меч во светот веќе неколку години и на победникот му носи заработка од 180 милиони фунти, сума која сега заминува кај Лутон кој беше подобар од Ковентри на „Вембли“ и се пласираше во Премиер лигата.

По пауза од 31 година, Лутон се враќа во фудбалската елита и за првпат ќе заигра откако Првата лига се ребрендираше во Премиер лига, но големиот успех беше одбележан и од еден непријатен и страшен момент кој им ја заледи крвта на сите присутни.

Капитенот Том Локер колабираше на теренот без да има контакт со противнички фудбалери и падна во бессознание, а тоа беше јасен аларм дека станува збор за нешто сериозно. Натпреварот беше неколку минути во прекин и лекарските служби брзо успеаја да го освестат капитенот на Лутон, кој потоа со носилки и на кислородна поддршка беше изнесен од теренот и испратен во болница.

Лутон за време на финалето сподели дека Локер е во добра здравствена состојба во болница, а по големата победа во пенал рулетот, неговиот татко откри дека имало победничко славје во неговата болничка соба.

Споделете