Мохамед Салах: „Уништен сум. За ова нема никакво оправдување“

Црвените од Мерсисајд и дефинитивно нема да играат во Лигата на шампионите есенва.
Ова е првпат тимот на Јирген Клоп да не обезбеди пласман во елитното натпреварување и следната сезона се сели во Лига Европа.
Sвездата на Ливерпул, египѓанинот Мохамед Салах, ја коментира ваквата ситуација:
„Потполно сум уништен. За ова нема никакво оправдување. Имавме сè што ни беше потребно за следната сезона да играме во Лигата на шампионите и не успеавме. Ние сме Ливерпул и пласманот во Лигата на шампионите е некој минимум. Жал ми е, ве изневеривме и вам и caмите себеси“, изјави Салах.