Малтешката полиција запленила 270 килограми кокаин на кој крајна дестинација му била Словенија

Во пристаништето Фрипорт на истокот на земјата, властите на Малта пресретнале пратка со банани од Еквадор, наменета за пристаништето Копер, во која пронашле повеќе од 270 килограми кокаин. Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар би можела да достигне и до 50 милиони евра, пренесува малтешкиот весник Malta Today.
Царината на Малта избрала неколку контејнерски единици за рендген преглед и кај два констатирала неусогласеност, па физички ги прегледала. Двата контејнери биле натоварени со банани од Еквадор и биле наменети за Словенија.
Со помош на полициски службеници од одделението за борба против дрога, царинските службеници во едната пронашле 170, а во другата 100 пакувања со супстанца за која се сомневале дека е кокаин. Секое пакување тежело по еден килограм. Малтешките правосудни органи биле информирани за наодот и започната е дополнителна истрага.
Неодамна италијанската полиција откри кокаин во контејнери со банани во пристаништето Џоја Тауро во Калабрија. Според податоците на италијанската финансиска полиција, во два 12-метарски ладилници со 78 тони банани се запленети 2.734 килограми исклучително чист кокаин, кој на црниот пазар би вредел околу 800 милиони евра. Наодот беше наречен рекорд.