ТАЖНА ВЕСТ ГО ОБИКОЛУВА СВЕТОТ: Почина рокенрол кралицата Тина Тарнер

Денеска на 83-годишна возраст, во својот дом во Цирих, починала рокенрол кралицата Тина Тарнер. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот портпарол.
Во соопштението се вели: „Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа светот губи музичка легенда и модел за улоги“.
Портпаролот на Тина Тарнер ги замоли сите обожаватели да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти.