Кошарка: Реал Мадрид ќе добиде повеќе од 1,7 милиони евра за освојување на Евролигата

По завршувањето на сезоната во кошаркарската Евролига, познато е како ќе биде распределен наградниот фонд помеѓи екипите учеснички на овогодишното издание на најелитната кошаркарска лига. .Се разбира дека како првопласирана екипа, Реал Мадрид ќе добие најголема сума. Еве го и распоредот:
- Првопласирана екипа: Реал Мадрид – 1.759.398 евра
- Второпласирана екипа: Олимпијакос – 996.992 евра
- Третопласирана екипа: Монако – 879.699 евра
- Четвртопласирана екипа: Барселона – 762.406 евра
Распределба на останатите парични награди за сезоната 2022/23:
- Макаби – 703.759 евра
- Партизан – 645.112 евра
- Жалгирис – 586.466 евра
- Фенербахче – 527.819 евра
- Басконија – 469.173 евра
- Црвена ѕвезда – 410.526 евра
- Анадолу Ефес – 351.880 евра
- Милано – 293.233 евра
- Валенсија – 234.586 евра
- Виртус – 175.940 евра