Вработените во Филхармонија денес повторно на протест пред Министерството за култура

Вработените во Македонска филхармонија денеска во 11 часот ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.
-Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција.
Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, се вели во соопштението на вработените во Филхармонија.