Ротаракт Клуб Скопје-Центар и Реди Рециклажа со заедничка организација за поставување на канти за селектирање и рециклирање на отпад во скопските средни училишта

Ротаракт Клуб Скопје – Центар е граѓанска организација основана и водена од млади ентузијасти на возраст од 18 до 30 години. Функционирањето на клубот е насочено кон планирање и реализација активности и проекти насочени за помош, поддршка на заедницата и унапредување на општеството.

-Во рамки на годишните активности на Ротаракт Клуб Скопје – Центар, а во соработка со Реди Рециклажа ДООЕЛ, се спроведува еколошки проект кој се одвива на ниво на средните училишта во град Скопје. Основната идеа на проектот е донација на канти за селекција на отпад и поставување на истите во средните училишта во град Скопје, како и организација околу одржување на кантите, проследено со одржување на инфо сесии на тема екологија и останати сродни еколошки активности., информираат од Ротаракт Клуб Скопје-Центар.
Прво средно училиште со кое започнува оваа соработка е СУГС Јосип Броз Тито. Во текот на денешниот ден се одржа кратка инфосесија со која учениците подетално се запознаа со правилниот начин на селекција на отпад и поставување на кантите за селекција, односно канти за селекција на хартија и канти за селекција на пластика. Од Ротаракт Клуб Скопје-Центар очекуваат успешната соработка да продожи и во индина со другите средни училишта низ Скопје и Македонија.

-Целта на овој проект е подигнување на свеста кај младите за проблемот со загадување на околината со кој се соочуваме секојдневно. Сметаме дека со овој проект ќе успееме да ги заинтересираме младите да размислуваат на еколошко одговорни теми преку обезбедување на можноста секојдневно во просториите на своето училиште да селектираат отпад и да се едуцираат со редовни инфо-сесии на тема екологија и селекција на отпад. Костурот на проектот е замислен на начин што нашиот клуб ќе ја обезбеди потребната количина на канти за селекција на отпад и истите ќе ги постави по ходниците во средните училишта, додека пак РЕДИ Рециклажа ДООЕЛ како наши партнери во овој проект ќе бидат задолжени за испитување на теренот за да го одредат соодветниот број на канти кој ќе биде потребен да се постави, како и нивно редовно и навремено собирање на селектирана пластика и хартија., велат од Ротаракт Клуб Скопје-Центар.



