09/06/2025

Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари на ФК Вардар

Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари на фудбалерите на ФК Вардар пред баражот со Скопје за пласман во Првата македонска фудбалска лига, објави навивачката група „Комити“.

Вардар, како третопласиран во Втората лига, и Скопје, втор одзади во ПМФЛ по откажувањето на Ренова, ќе се судрат в недела од 17 часот на Градскиот стадион во Кавадарци, а победникот наесен ќе игра во најсилната фудбалска конкуренција во Македонија.

Дека најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија има иднина потврдија и кадетите на Вардар, кои денеска ја декласираа Шкендија со 4:1 во Кичево и го освоија Купот на Македонија.

Споделете