09/06/2025

Аџиоски до Бочварски: Како вие како министер дозволивте Артан Груби да е координатор на овој проект?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски, денеска од собраниската говорница упати прашање до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за тоа, како тој како министер дозволил Артан Груби да биде одговорен за проектот за градење на коридорите 8 и 10д.

– Јас министер знам дека вие мора да го браните ова што е денес на дневен ред. Но, едно не можам да разберам, како вие како министер за транспорт и врски дозволивте Артан Груби да е координатор на овој проект, а вие сте министер за транспорт и врски? Артан Груби е и министер за политички систем, и прв вице премиер, и министер за транспорт и врски, и премиер е Артан Груби, сѐ е Артан Груби. На вас ви останува само да го браните тоа што не се брани, што го донесол Артан Груби тука. Тоа само останува на вас. Една европска земја да ми кажете каде што се проектира и што се изведува автопат со урбанистички проект, една европска земја да ми кажете, дали посоти таква? Не знаете ниту колку мостови има, ниту колку тунели, ништо не знаете, а сте предвиделе милијарда и шетстотини милиони евра за изградба на фамозен автопат., изјави Аџиоски.

Споделете