Санкционирани 146 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во изминатото деноноќие (17.05.2023) продолжи со сообраќајните контроли.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, од кои 46 за возење повеќе од дозволената брзина, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 8 санкции за непочитување за првенство на минување.
По шест санкции се изречени за возење под дејство на алкохол и минување на затворен сигнал (црвено светло) и четири мерки за нерегистрирани возила…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.