08/06/2025

Деветти напад врз Киев овој месец

Русија го нападна украинскиот главен град од воздух по деветти пат овој месец. Според градската управа во Киев, станува збор за „напад без преседан“ во однос на моќта, интензитетот и разновидноста на употребеното оружје. Во меѓувреме, според локалната воена администрација, едно лице загинало во ракетен напад врз Одеса. Експлозии се слушнаа и во централна Украина, поточно во областите Виница, Хмелницки и Житомир.

Алармите за воздушен напад повторно се огласија низ Украина. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ги повика жителите да останат во засолништа. „Нападот врз главниот град продолжува. Не оставајте засолништа за време на тревогата за воздушен напад“, рече тој на Телеграм.

Градската управа на Киев, пак, преку Телеграм објави дека утринава рускиот воздушен напад врз Киев бил „без преседан во однос на моќта, интензитетот и разновидноста на употребеното оружје“. Во меѓувреме, воздушната тревога останува на сила.

Според податоците на киевската воена управа, одбраната успеала да ги уништи сите проектили кои пристигнале, јавува Би-Би-Си. Кличко преку Телеграм објави дека паѓање на честички предизвикало пожар во населбата Дарница во Киев, додавајќи дека нема повредени. Набргу потоа избувна уште еден пожар, овој пат во областа Десњански источно од градот. Не се знае дали има повредени во овој пожар.

Шефот на воената администрација на Киев изјави дека Русите извршиле „жесток ракетен напад“ со проектили истрелани од стратешки бомбардери над Каспиското Море. Сергиј Попко наведува дека во нападот најверојатно биле користени бродови за крстарење и додава дека Русија испратила неколку извидувачки беспилотни летала пред проектилите да бидат истрелани над Киев. „Воздушната одбрана си ја врши својата работа“, додаде тој.

Овој пат нападот го извршија стратешките бомбардери Ту-95С и ТУ-160, најверојатно со крстаречки ракети Х-101/555“, соопшти градската управа.

Во меѓувреме, едно лице е убиено во утринскиот руски ракетен напад врз Одеса, објави на Телеграма Сергиј Братчук, портпаролот на воената управа на градот, додавајќи дека две лица се ранети.

„Повеќето руски ракети беа соборени од нашата противвоздушна одбрана. За жал, погоден е индустриски објект, едно лице загина, а две се повредени“, објави тој.

Експлозии беа забележани и во други поголеми градови, но не се знае дали тие се резултат на ракетни напади или противвоздушна активност.

Ова беше деветти напад на главниот град овој месец. Веќе во вторникот, Украина објави дека соборила шест хиперсонични ракети Книжал како дел од напад од „многу големи размери“.

Споделете