Глумицата Селма Хајек со провокативен танц им се заблагодари на своите 24 милиони следбеници (ВИДЕО)

Американската глумица Селма Хајек (56) на својот инстаграм профил собрала 24 милиони следбеници, па во знак на благодардност ги „почести“ со провокативен танц од кои сите беа воодушевени.
– 24 милиони следачи, 24 милиони причини за насмевка. Ви благодарам на сите што ми се придруживте на ова диво возење! Не можам да ги скријам возбудата и благодарноста – напиша таа.

Таа на својот инстаграм профил објави видео во кое провокативно танцува во бел пењоар и покажа малку повеќе од тоа што дозволуваат социјалните мрежи, па видеото мораше да биде цензурирано.
Да потсетиме дека актерката доби многу негативни критики за својот црвен фустан на овогодинешната Мет Гала.
– „Така скапа жена, а толку евтин стил“, „Зошто не вработи некој малку да ја упати во облекување и мода!?“ – гласеа дел од критиките упатени кон неа.