08/06/2025

Сообраќајната полиција санкционирала 192 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 132 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Споделете