115 белградски училишта добиле дојави за бомби

115 белградски училишта утрово добиле информација за експлозивна направа, соопштија за Танјуг од МВР
Родителите се известени дека децата остануваат дома.
-Според првите информации, известувања за подметнати експлозивни направи пристигнале на електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование, пренесе Б92.
Екипи на МВР се на терен, а учениците и вработените се евакуирани, се посочува во соопштението и се додава дека за да се обезбеди безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка.
Некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми.
Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за часовите преку редовни канали за комуникација.