08/06/2025

Арсовска најави враќање на приватните превозници

Приватните превозници ќе се вратат на улиците низ Скопје до крајот на месецов, тврди градоначалничката Данела Арсовска во интервју за „10 минути“ на ТВ21.

Она кое го имавме како постапка, беше прекинато на два пати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склопува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Ова што го направија во изминатите неколку дена, имаше проверка во ЈСП на ГПС системите, и тоа како постапка беше завшрено, и сега следува само официјализација на договорот, рече Арсовска.

Споделете