Казнети 54 возачи поради не пропуштање пешаци на пешачки премин

МВР во текот на вчерашниот ден 15.05.2023 во периодот од 09:00 до 14:00 часот на територијата на Република Македонија спроведе засилена полициска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не се придржуваат кон обврските како возачи. При контролата казнети биле 54 возачи, додека пак санкционирани биле 137 останати прекршоци.
-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.