Времето денес: Променливо облачно, во попладневните часови се очекува дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 21 степен.