Димитриеска Кочоска: Денеска со две минимални плати не можете да го поминете месецот. Инфлацијата е повеќе од 20%

-Математиките и статистиките покажуваат дека полош животен стандард не сме имале никогаш, дури и периодот на транзицијата кога остануваа луѓе без работа, се живееше подобро од денес. Зошто? Затоа што денеска со две минимални плати не можете да го поминете месецот. Инфлацијата е повеќе од 20%., изјави вчера потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Општина Брвеница како дел од акцијата „Ова е Македонија за сите“.
Димитриеска Кочоска додаде дека „наместо да стануваме земја во која што ќе имаме подобар животен стандард, ние имаме земја во која што секое трето дете е на работ не на сиромаштија, не може да го помине денот ни да се прехрани“.
–Не знам како и со кој образ на следниве избори ќе се појават СДСМ во Тетово и како ќе бараат некој да ги поддрж? Како ќе ги погледнат луѓето во очи кога ги лажеа?, прашува таа.