Ковачки прашува: Со што ова го заслужи врвен спортист кој гордо го носи македонскиот дрес?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, со фејсбук објава реагира на вчерашниот инцидент кој се случи по завршувањето на натпреварот помеѓу РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер, во кој со пендрак од полицаец беше удрем македонскиот репрезентативец Филип Талевски.
–Што држава ќе бевме, зарем момчето, врвен спортист кој што гордо го носи македонскиот дрес и ги брани боите на Македонија, ова го заслужи?
Каква закана беше ракометарот за да биде удрен со палка по глава?
Се надевам дека ова не е подготвено сценарио туку дека е непотребен испад само на еден полицаец чија постапка треба да биде прегледана од внатрешна контрола., напиша Ковачки.